479
Јан Андерсон го
објави списокот на фудбалери на Шведска за претстојното Европско првенство,
меѓутоа на истиот, поради повреда изостана ветеранот Златан Ибрахимовиќ.
По ова, со објава
на социјалните мрежи се одзва самиот Ибрахимовиќ, кој во свој стил ја
коментираше ситуацијата.
„Не е готово
додека јас не го кажам тоа“ порача популарниот Ибра.
Шведска на европскиот турнир во групната фаза е дел од конкуренцијата „Е“, во друштво на Шпанија, Словачка и Полска.