Ибрахимовиќ: Многумина ми се смееа кога реков дека ќе го освоиме Скудетото, но…

by
1 минути читање

Иако Ибрахимовиќ не одигра многу оваа сезона, но неговото враќање во Милан во јануари 2020 година го промени менталитетот на росонерите. Тој им го вбризга победничкиот нагон по кој следуваа промени во резултатите, па Швеѓанецот еден од најзаслужните за Скудетото.

„Прекрасно е, јас бев тука и последниот пат кога Милан освои и 11 години подоцна освојуваме и јас повторно сум тука“, вели Ибрахимовиќ.

„Дојдов тука и дадов ветување кое си го одржав. Многумина ми се смееа кога реков дека ќе го освоиме Скудетото повторно, но ние работевме напорно и покажавме што значи тим да страда по резултатите“.

„Ова Скудето му го посветувам на Мино Рајола, тој беше еден од оние кои ме сакаше во Милан и ми рече дека јас сум единствениот кој може да го спаси Милан. Му го посветувам трофејот нему“.

Запрашан што би му рекол сега Рајола да беше тука, Ибрахимовиќ на шега рече: „Ајде да играме уште десет години и да украдеме уште пари“.

Ибрахимовиќ рече дека во наредните денови ќе одлучи дали ќе продолжи да игра или ќе стави крај на кариерата.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×