Ибрахимовиќ: Ќе направиме сè за да го освоиме Скудетото, неуспехот во ЛШ ќе ни помогне

by
0 минути читање

Милан загуби од Атлетико Мадрид и доживеа комплетна елиминација од Лигата на шампионите, па сега единствениот фокус ќе им бидат домашните натпреварувања.

Ибра верува дека настапот во ЛШ ќе им помогне иако жали што тој траеше само во групната фаза.

„Разочарани сме за елиминацијата од Лигата на шампионите, многу ни е жал, но ќе се бориме за да го освоиме Скудетото. Ќе направиме сè за да ја освоиме титулата и нема да се предадеме“, вели Ибрахимовиќ.

„Во неуспехот има и успех, ќе созреваме и ќе добиеме искуство“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани