Ибрахимовиќ ја спукал со Газидис: Немаш никаков проект, ова не е Милан што јас го знаев

by
1 минути читање

Иван Газидис три
месеци се намал појавено во Миланело, но генералниот извршен директор решил синоќа
да го посети тимот и да разговараат за намалување на платите. Но состанокот не
поминал мирно, медиумите од Италија пренесуваат за жестока расправија помеѓу
Златан Ибрахимовиќ и првиот човек на клубот.

Напаѓачот го прекорил Иван Газидис за тајмингот на посетата, а изразил и сомнеж за
сегашноста и иднината на „росонерите“.

„Зошто толку
долго беше отсутен и се појавуваш на 48 часа пред полуфинале?“
– прашал Златан мислејќи
на реваншот против Јувентус во Купот на Италија во петок.

Ибра потоа
продолжил со замерките: „Немаш никаков проект, ова не е Милан што јас го знаев,
има премногу неизвесност“.

Иван Газидис се
обидел да ја спушти топката и одговорил: „Да, точно е. Милан не е тоа што
беше, и од аскект на успех и од аспект на финансии“.
Но директорот потоа
објаснил дека сопствениците имаат план да го вратат клубот на врвот и да инвестираат
во составот.

Извештаите исто
така велат дека Ибра дал и коментар за својата иднина, и порачал: „Тука сум само
поради мојата пасија“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×