„Скај Спорт
Италија“ пишува дека двоецот на Милан, Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ нема да
бидат на располагање на „Росонерите“ за големото дерби со Интер кое е на
програмата во сабота, но Фикајо Томори би можел да биде во комбинација за
настап.
Избраниците на
Стефано Пиоли денеска ги продолжија подготовките на тренинг центарот во Милано,
меѓутоа „Скај Спорт Италија“ наведе дека Ибрахимовиќ не бил во можност да им се
приклучи на своите соиграчи.
Наместо тоа,
Швеѓанецот работел индивидуално во теретана, а што се однесува пак до Ребиќ,
Хрватот наводно тренирал одвоено од останатите, но за разлика од Ибрахимовиќ,
тој тренирал на тревната подлога.
Веројатно
единствената добра вест за Милан е секако враќањето на Томори, откако
дефанзивецот денеска тренинзите ги одработил во целосно темпо, меѓутоа останува
мала дилема околу тоа дали ќе биде целосно подготвен за да почне од првата
минута на градското дерби.