Ибрахимовиќ: Го чекав овој ден, тука сум како дома, би останал до крајот на животот

by
1 минути читање

Ибрахимовиќ е клучен играч за Милан и покрај возраста, па клубот му даде уште еден договор од една година со истите услови како и актуелниот.

„Многу сум среќен. Го чекав овој ден и сега имам уште една година што е многу важно за мене“, вели Ибрахимовиќ.

„Отсекогаш велев дека играње за Милан ми е како да сум дома. Пресреќен сум, ми се допаѓа начинот на кој клубот ме етретира, сите луѓе кои работат тука, моите колеги, тренерот, фановите кои навистина ми недостасуваат на стадионот“.

„Ова навистина е како мојот дом. Ако можам тука би останал до крајот на животот“.

Ибра има убави зборови за Пиоли.

„Многу е лесно да се работи со Пиоли, тој го има вистинскиот менталитет. Секој ден доаѓа со иста енергија која го трансформира овој тим, тој го сака најдоброто од нас“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×