Ибрахимовиќ денеска ќе потпише нов договор со Милан?

by
1 минути читање

„Газета дело
Спорт“ извести дека агентот на Златан Ибрахимовиќ, Мино Рајола денеска се
очекува да оствари средба со директорите на Милан, а повод на таа средба ќе
биде детали од договорот на Швеѓанецот со клубот од Милано.

Очекувањата се
Ибрахимовиќ денеска да стави потпис на нов договор со Милан, а неговиот
моментален истекува претстојново лето, со што би бил слободен играч на трансфер
пазарот доколку не му се промени статусот.

Се верува дека
искусниот напаѓач веќе постигнал согласност со челниците на Милан околу
условите во новиод договор, а всушност се работи за исти услови, со тоа што
напаѓачот и натаму ќе заработува седум милиони евра годишно, вклучувајќи и
бонуси.

Шведскиот ветеран
и на свои 39 години игра во одлична форма откако сезонава на 17 настапи во
Серија А успеа да постигне фантастичен учинок од 15 погодоци, а запиша уште и
две асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×