336
„Росонерите“
ризикуваат да го загубат врвот на табелата откако вечерва одиграа 1-1 во Удине.
Домаќините
поведоа со голот на Бето во 17. минута, една грешка на средината отвори контра,
напаѓачот на Удинезе одлично се снајде и реализираше за 1-0.
Водството траеше
се до 92. минута, кога Златан Ибрахимовиќ во свој стил ја затресе мрежата. Тоа
што цел живот вежба таеквондо одново му помогна на фудбалските терени, одлично
се снајде и смири една топка на пет метри, за потоа акробатски да погоди за 1-1.
Нашиот Илија Несторовски не доби шанса вечерва и од клупата за резерви ги следеше случувањата на теренот.