Ибра откри низ што сè поминал во изминатите шест месеци (ФОТО)

by
1 минути читање

Ибрахимовиќ направи операција на предниот вкрстен лигамент. Вели дека проблемот го влечел шест месеци и постојано бил под инјекции. Ретко спиел поради болките кои ги имал.

„Изминатите шест месеци играв без преден вкрстен лигамент на моето лево колено. Имав отечено колено шест месеци. Можев да тренирам со тимот само десет пати во изминатите шест месеци. Примив повеќе од 20 инјекции за тие шест месеци. Еднаш неделно ми вадеа течност од коленото шест месеци. Секојдневно зимав средства против болка во тие шест месеци. Ретко спиев во тие шест месеци поради болката. Никогаш не сум страдал толку на теренот и надвор од него. Направив нешто невозможно да биде возможно. Во умот имав само една цел, да ги направам моите соиграчи и тренерот шампиони на Италија бидејќи им ветив. Денеска имам нов лигамент и уште еден трофеј“, напиша Ибра на инстаграм.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×