Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас жестоко удри против првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез по сапуницата со судиите која се случуваше вчера.
Купот на Шпанија не е во ингеренции на Ла Лига, тој го организира Фудбалската федерација на Шпанија, но и покрај тоа Тебас си кажа што мисли за Перез.
Тебас е во војна и со Перез и со Лапорта, па овојпат на мета беше претседателот на Реал поради притисокот кој го правеа врз судиите.
„Ова не е фудбал, ова е контрола на моќта…
Тој не го сака Тебас бидејќи тој не го прави она што тој сака…
Тој не го сака Чеферин бидејќи тој не го прави она што тој сака…
Тој не ги сака ТВ коментаторите бидејќи тие не го кажуваат она што тој сака…
Тој не сака да се продолжи со реформата за судиите бидејќи тоа не е тоа што тој го сака…
И сега, по изјавите на судиите – уморни од постојаното вознемирување од Реал Мадрид ТВ – тој одговара како што знае: Ги прескокнува тренинзите на Ла Картуха, не се појавува на официјалните прес конференции за финалето, најави дека нема да присуствува на куп финалето.
Тој не протестира, тој прави притисок.
Тој не се жали, тој се заканува
Тој не се согласува, тој казнува.
Тој не сака да го подобрува фудбалот, тој сака свој фудбал.
И ова не е најлошата работа. Сериозната работа е што многумина му го дозволуваат тоа, се согласуваат со тоа и му помагаат“, напиша Тебас за Перез.