Финалето од
Лигата на шампиони треба да се игра во Истанбул, но минатата недела Турција се
најде на црвената листа на Велика Британија поради големиот број на позитивни
случаи на ковид-19 и ваквата одлука ги поремети плановите.
Веднаш беше
понудено Вембли да биде домаќин на дуелот помеѓу Челси и Манчестер Сити, па денеска
имаше средба помеѓу претставници на УЕФА и Владата на Велика Британија.
Медиумите од
„островото“ сега пишуваат дека има одредени недоразбирања помеѓу двете страни. Според сегашните насоки, на Вембли ќе може да има само 10.000 гледачи додека
пак УЕФА инсистира на бројка од околу 25.000 навивачи.
Не може да се
најде компромис ниту за карантинот, УЕФА бара отстапки од правилата за
персоналот, медиумите, спонзорите и ВИП гостите но Владата на Велика Британија се
противи на ова.
Утре ќе има нова
рунда преговори и се очекува до среда да се знае градот домаќин. Голем број на
извори пишуваат дека лесно може да се случи Португалија да го организира
финалето. Оваа земја нема ристрикции за посетителите од странство и е на
зелената листа на Велика Британија па фановите ќе можат да приствуваат на натпреварот
без да одат во карантин.