По 16 години професионален фудбал, Хари Кејн конечно го дочека моментот што со години му бегаше – ја освои својата прва шампионска титула во кариерата.
Баерн Минхен официјално е нов првак на Германија, и тоа благодарение на киксот на Баер Леверкузен кој ремизираше со Фрајбург (2-2). Баварците го прославија трофејот надвор од теренот, а Кејн со широка насмевка конечно ја испеа „We Are The Champions“.
Англичанецот помина речиси цела кариера во Тотнем (2009–2023), каде и покрај бројните индивидуални успеси, остана без ниту еден трофеј. Со „петлите“ стигна до финале во ЛШ и двапати во Лига Купот, но секогаш застануваше чекор пред целта.
Во дресот на Англија има две сребра од Европските првенства (2020 и 2024) и бронза од Лигата на нации, но вистински шампионски трофеј немаше сè до оваа сезона со Баерн. Конечно, малерот заврши – Хари Кејн и официјално е првак.