151
Интер се ослободи
од уште еден фудбалер на кој не сметаше, начелно е постигната согласност со
Алексис Санчез за прекин на соработката.
Се очекува
агентот на напаѓачот денеска да пристигне во канцелариите на Интер и да се
официјализира разделбата.
Медиумите
шпекулираат дека ќе му бидат платат околу 4,5 милиони евра на Алексис Санчез за
да го напушти Милано.
Претходно ова
лето, Интер му плати околу 4 милиони на Артуро Видал да замине од клубот, па за
да ги избрка Чилеанците, „нероаѕурите“ одвоија 8,5 милиони евра.