Иако рехабилитацијата на
Илија Несторовски, нашиот репрезентативец и капитен на Палермо, течеше одлично
и тој на големо се подготвуваше да му помогне на својот тим за дуелот со
Салернитана, сепак, до тоа нема да дојде.
Несторовски се враќа во Серија А, за два дена го игра прошталниот меч за Палермо?
Според најновите
информации кои ги пренесоа дел од медиумите во Сицилија, 27 годишниот напаѓач
се здобил со вирус, а се поизвесно е дека тренерот на Палермо,
Бруно Тедино нема да ризикува со првата ѕвезда во тимот од кого најмногу се
очекува во битката за враќање во елитното друштво на Италија.
Инаку, денеска одредени медиуми во Италија се подзанимаваа со нашиот фудбалер, па повторно ја актуелизираа темата со наводниот трансфер во Торино во јануарскиот преоден рок, со тоа што наведоа дека дуелот со Салернитана би можел да биде проштален за Прилепчанецот во дресот на Палермо.
palermo.gds.it