619
Олимпик Марсеј и
ПСЖ одиграа без голови во големото дерби на 11 коло во најсилниот француски
фудбалски шампионат, а атмосферата на гледалиштето особено ја „запали“ Димитри
Паје.
Фудбалерот на
Олимпик Марсеј во целост го надмудри Лионел Меси, а не само што му ја одзеде
топката на Аргентинецот, туку веднаш потоа и му „продаде“ финта на фудбалскиот
ас кој поради таа ситуација дури и се пожали на повреда.