164
Премиерлигата ги поддржа клубовите да им забранат на фудбалерите да играат за репрезентации во земји од црвената листа на ковид-19.
Причина за тоа е што фудбалерите од овие земји кога ќе се вратат во Англија ќе треба да поминат уште десет дена во карантин, а тоа значи дека ќе пропуштат неколку натпревари.
Ист е случајот и во Шпанија, па и Ла Лига го следи примерот на Премиерлигата и тие излегоа со соопштение дека ги поддржуваат шпанските клубови да не ги пуштат своите фудбалери.
Се очекува истото да го направи и Серија А.
Се работи претежно за фудбалери кои настапуваат за репрезентациите од Јужна Америка и Африка. Таму речици целиот континент е на црвена листа.