И Иран да биде исфрлен, Италија нема да оди на Светско

by
1 минути читање

Извршниот член
при ФИФА, Евелина Кристилин инсистира на тоа дека воопшто не се разговарало,
ниту пак дискутирало за можна дисквалификација на Иран од Светското првенство
во Катар.

Таквите
шпекулации излегоа во јавноста откако во Иран наводно пристигнале
предупредувачки сигнали за такво сценарио откако таа земја забрани присуство на
жени на мечот со Лебан, па дури 2000 Иранки останаа надвор пред стадионот.

Имавме во
средата состанок на ФИФА во Катар, а денеска и конгрес со сите делегати,
вклучувајќи го воедно и Иран
“ рече Кристилин за „Радио Уно“.

Во ниту еден
момент не дискутиравме за евентуална нивна дисквалификација од Светското
првенство, дури и да се случи тоа, местото би и било дадено на држава од Азија

додаде таа категорично.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×