Гвардиола денеска на прес конференција беше запрашан што мисли за Суперлигата, а тој одговори.
„Ги немам сите информации, имам само неколку информации. Ако ме прашувате зошто овие тимови се селектирани, не знам зошто“.
„Не е спорт каде релацијата меѓу напорот и успехот не постојат. Не е спорт каде успехот е веќе загарантиран, не е спорт каде не е важно дали ќе загубите“.
„Сакам слни натпреварувања, како Премиерлигата. И не е фер кога некој се бори, се бори, се бори, дојде на врвот и не може да се квалификува бидејќи учеството таму веќе е загарантирано само на неколку клубови“.
„Некои можеби ќе речат па има пет места и може да се влегува во лигата, а што е со тие што имаат загарантирано место таму, тие може да имаат и лоши сезони и пак да играат во тоа натпреварување“.