И Феликс пред неполн месец му даде ветување на Мурињо и го исполни (ФОТО)

by
1 минути читање

На 27. октомври, Мурињо за првпат го внесе Феликс во игра. Тој дебитираше на гостински терен кај Каљари каде Рома победи со 2-1.

18-годишниот фудбалер веднаш покажа дека брзо може да стане важен играч за Рома, па Мурињо го вметна во инстаграм пост веднаш по натпреварот.

Тогаш Португалецот беше казнет, не можеше да влезе во соблекувалната па објави фотографија како јаде на скали пред стадионот и напиша дека храната е добра и дека промовирал уште едно ново дете, по што го тагна Феликс Афена Џан.

Брзо потоа сликата ја сподели Феликс, му се заблагодари на Мурињо и му вети: „Ќе те направам горд“.

Мурињо сигурно беше многу горд од тоа што го направи Феликс на мечот со Џенова, па може да се каже дека и фудбалерот си го исполни своето ветување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани