И Борнмут ќе бара нов тренер, Ираола го напушта клубот

by bojan
1 минути читање

Од таборот на Борнмут попладнево соопштија дека тренерот Андони Ираола ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Андони Ираола летоска ќе стави крај на успешната авантура во Борнмут, и покрај тоа што доби неколку понуди за продолжување на соработката, Шпанецот не стави потпис на нов договор.

И покрај тоа што клубот инкасираше околу 250 милиони од продажба на играчи како Дин Хујсен, Милош Керкез, Илија Забарњи, Дианго Оатара и Антоан Семењо, резултатите на популарните „цреши“ се одлични и тие можат да се изборат за место во Европа.

Но очигледно Антони Ираола има други планови, се говори дека тој ќе седне на кормилото на Атлетик Билбао, клубот во кој има одиграно преку 500 натпревари како фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×