И Бекам се спротивстави на Суперлигата: Ако не ги заштитиме вистинските вредности, фудбалот ќе биде во опасност

by
1 минути читање

Во војната меѓу Суперлигата и фудбалот, Бекам застана во одбрана на фудбалот, тој се приклучи на сите оние кои оваа игра ја гледаат многу пошироко од натпревари меѓу најбогатите клубови во светот.

„Јас сум еден кој го сака фудбалот. Тој е мојот живот откако се сеќавам за себе. Го сакам од кога бев мало дете какао фан и се уште сум фан. Како играч и како сопственик знам дека нашиот спорт е ништо без фановите. Потребно е фудбалот да е за сите. Потребно ни е фудбалот да биде фер и ни требаат натпреварувања кои се базирани на заслуги. Ако не ги заштитме овие вредности на играта, нашата љубов е во опасност…“, вели Бекам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани