Легија е најтрофејниот клуб во Полска но во моментов е на последното место на табелата, нешто што никој не го очекуваше.
Фановите на Легија се бесни на својот тим поради лошите резултати, а најжестоките навивачи синоќа одлучија да се пресметаат со фудбалерите кои го носат дресот на нивниот клуб.
Информациите велат дека по поразот на гостински терен од Висла Плоцк, навивачите го следеле клупскиот автобус и по неговото пристигнување упаднале во него.
Им одржале говор на фудбалерите, но инцидентот не завршил тука, се случила и физичка пресметка, биле нападнати неколку фудбалери, а најмногу истепани биле Азербејџанецот Махир Емрели и Бразилецот Лукињас од кои навивачите се најмногу разочарани.
Дали оваа лекција која ја добиле фудбалерите ќе влијае за подобри резултати или ќе има контра-ефект, ќе се знае по наредните натпревари.