Хрватска добро го почна мечот, во 29. минута Матео Ковачиќ од втор обид постигна гол за водство од 1-0, со тој резултат се отиде и на одморот.
По шест минути игра во вториот дел, Рог доби втор жолт картон по старт врз Роналдо, Хрватска остана со играч помалку. Слободниот удар го изведе Роналдо кој испрати вистинска бомба, домашниот голман ја одби топката а Диаш најдобро се снајде за израмнување на 1-1.
Во 60. минута Жоао Феликс рализираше за водство на Португалија од 2-1, но само пет минути подоцна Ковачиќ со својот втор гол на мечот изедначи на 2-2.
Кога се очекуваше така да заврши мечот,во судиското продолжение катастрофална грешка на Хрватите искористи Диаш за победа на Португалија од 3-2.
Хрватска заврши само со три бода колку што има и Шведска. Меѓусебниот дуел им е ист, двете славеа на свој терен со идентични 2-1, а Хрватите имаат подобра гол разлика за еден погодок и поради тоа не испаднаа.
Од Лига Ц во Лига Б се пласира Црна Гора која со 4-0 го победи Кипар, Јоветиќ го отвори мечот, следуваа два гола на Бољевиќ, а Мугоса ги постави конечните 4-0.