Хрватска продолжува без Ракитиќ во иднина: Ова беше најтешката одлука во мојата кариера

by
1 минути читање

По 106 одиграни
натпревари во дресот на актуелниот светски вицепрвак Хрватска, како и
постигнати 15 погодоци, 32 годишниот Иван Ракитиќ кој во новата сезона се врати
во Севилја, стави крај на настапите во хрватската национална селекција.

Како што пишува
хрватски „24сата“, оваа вест е изненадувачка, првично поради тоа што Ракитиќ
пред неколку месеци јавно наведе дека сигурно ќе настапи за „Коцкестите“ на
идното Европско првенство, меѓутоа неговата одлука сега е променета, а за
истата тој тврди дека е најтешката во неговата кариера.

Ова ми е
најтешката одлука во кариерата, но почувствував дека ова е вистинскиот момент
кога морам да ја донесам таа одлука, уживав во секој натпревар кој го одиграв
за својата татковина, а незаборавните моменти од Светското првенство ќе ми
останат како дел од омилените спомени во мојот живот
“ се вели во изјавата на
популарната „Ракета“.

Убеден сум дека
и понатаму можеме да имаме одличен тим кој го чека светла иднина, на своите
пријатели и соиграчи во репрезентацијата им ја посакувам сета спортска среќа во
наредните предизвици, а во мене ќе имаат најголем навивач
“ додава Ракитиќ во
изјавата за официјалниот сајт на куќата на фудбалот на Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани