Хрватска може да остане без селектор, Далиќ добил понуда која тешко се одбива

by Стефан
1 минути читање

Хрватскиот стратег, Златко Далиќ би можел да ја напушти клупата на Хрватска бидејќи добил богата понуда од Катар.

Имено, Катарците во Далиќ гледаат идеално решени за нов селектор на нивната репрезентација и спремни да го направат најплатен помеѓу селекторите во светот.

Се поврзуваше Далиќ со Катар и претходно, но тогаш понудата која изнесувала помеѓу пет и шест милиони евра не беше доволна. Сега хрватските медиуми пренесуваат дека на адреса на Далиќ пристигнала двојно поголема понуда, односно 12 милиони евра годишно.

Покрај платата од 12 милиони евра Далиќ би имал контрола и над сите млади селекции на Катар. Актуелниот договор со Хрватска на Далиќ му истекува во 2026 година, односно до завршувањето на Мундијалот во САД.

Останува да се види дали Далиќ ќе одолее на ваквата понуда или ќе се одлучи да предреме да ја заврши соработката со Хрватска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани