412
Светскиот
вицепрвак Хрватска ремизираше на гостувањето кај Русија во мечот кој заврши без
голови, а беше во склоп на мундијалските квалификации, но „фудбалските“
случувања за момент останаа во втор план, а за тоа се погрижи Роберт Јарни.
Во студиото на „Нова
ТВ“, за играта на „Коцкестите“ својот коментар го дадоа Роберт Јарни и Ајлоша
Војновиќ, а првиот според многумина на социјалните мрежи е всушност победник на
денот.
Легендарниот
хрватски фудбалер на емисијата се појави во едно доста интересно сако, а еден
гледач дури и му постави прашање од каде го купил сакото, по што овој не сакаше
да открие, па рече да остане тајна.
Видеото можете да го проследите – ТУКА.