Хрватите знаат како треба: Ги продадоа ТВ правата за 32 милиони евра

by
1 минути читање

Конзорциумот
составен од хрватски „Телеком“, обложувалниците „Суперспорт“, како и Хрватската
радио телевизија ќе ги пренесуваат натпреварите од хрватското фудбалско
првенство во наредните четири години, а за тоа ќе издвојат цели 32 милиони
евра.

Шведската
компанија „Про Магин“ требаше да ги поседува ТВ правата од хрватското фудбалско
првенство, за што воедно и победи во изборот во летото 2020 година, меѓутоа
оваа компанија наводно излегла од целата приказна.

„Про Магин“ и куќата
на фудбалот во Хрватска претходно договорија фиксен износ во висина од седум
милиони евра по сезона, а имаше можност износот да достигне и до десет милиони
евра, договорот требало да биде потпишан во рок од траење за десет години, а
истиот предвидено било да стапи на сила на лето годинава, но од тоа ништо, па
ТВ правата ќе бидат во друга сопственост.


Фото-вест:
gnkdinamo.hr (архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани