Многумина не ја
забележаа грешката која ја направи Ребиќ во дуелот против Хрватска вчера, каде
Хрватите загубија со 5-3 на продолженија откако во регуларниот дел мечот беше
израмнет со резултат 3-3, а со тоа „Коцкестите“ беа елиминирани во
осминафиналето од Европското првенство.
Во 38 минута од
мечот Ребиќ излезе од теренот за да ги промени копачките, а се задржа неколку
минути во таа ситуација, по што Шпанците ја искористија бројчаната предност на
теренот и израмнија на 1-1 (видео – ТУКА).
На полувремето,
капитенот на светскиот вицепрвак, Модриќ бил особено лут на својот соиграч,
меѓутоа налутен поради таа ситуација бил и селекторот Далиќ, кој својата лутина
не ја сокри ниту на пресконференцијата по мечот.
„Нас Шпанците ни
даваа голови додека врзувавме копачки и пиевме вода, очигледно е дека мораме
повеќе да пораснеме, а тие работи да ги направиме поинакви, поквалитетно и
подобро, бидејќи ова не беше натпревар против Шкотска или Чешка, туку против
доста силен тим кој знае како да казни било каква грешка или невнимание“ рече
селекторот на Хрватска, Далиќ.