152
Натпреварот меѓу Шибеник и Задар (1-0) во Третата хрватска лига тргна со многу интересна сцена.
Во пресрет на стартот на средбата еден навивач на Задар побегна од обезбедувањето и се најде на теренот. Тој пријде до гостинскиот голман и го турна, а потоа застана пред цела трибина со гостинските навивачи „Фунцути“ и сакаше да се тепа.
Обезбедувањето веднаш реагираше и го отстрани навивачот за кој не се знае дали беше храбар или луд со тој потег. Инаку, натпреварот меѓу екипите беше прогласен високоризичен, а имаше и други инциденти.