Хорор во данска, млад фудбалер избоден со нож – се бориел за живот!

by 24 фудбал
1 минути читање

Шокантни вести пристигнуваат од Данска, каде што младиот фудбалер на Мидтјиланд, Аламара Џаби, е тешко повреден по напад со нож кој се случил во Хернинг.

19-годишниот играч бил во животна опасност и веднаш бил опериран, а подоцна следел уште еден хируршки зафат. Во критичен момент бил ставен и во индуцирана кома, но според последните информации неговата состојба сега е стабилизирана.

Од клубот соопштија дека благодарение на брзата реакција на медицинските служби, Џаби се разбудил од комата и се чувствува добро со оглед на сериозноста на повредите.

Во Мидтјиланд потенцираат дека се во постојан контакт со надлежните институции и му даваат целосна поддршка на фудбалерот и неговото семејство, додека истрагата за нападот е во тек.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×