Хорор пред стадионот на Еспањол, автомобил возеше во толпа навивачи! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Голем инцидент се случи пред градското дерби меѓу Еспањол и Барселона, автомобил влета низ домашните навивачи, 13 луѓе се повредени.

Автомобил се појави меѓу навивачите кои чекаа да влезат на стадионот, тие почнаа да фрлаат предмети кон него и да му викаат, а тој наеднаш даде гас и почна да вози низ толпата.

Повредени се 13 луѓе, никој од нив не е сериозно повреден. Навивачите на Еспањол бараа мечот да се откаже, но веројатно затоа што нема тешки последици од инцидентот, официјалните лица го одбија барањето.

Ултрас фановите на Еспањол го напуштија натпреварот поради тоа што барањето за откажување на мечот не беше прифатено.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани