1,1K
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Рафаел ван дер Варт, жестоко го искритикува Антонио Рудигер поради неговото однесување на натпреварот против Арсенал во Лигата на шампионите.
Холанѓанецот не беше задоволен од потегот на германскиот дефанзивец, кој го нагази Луис-Скели, но сепак мина без дисциплинска санкција. Ван дер Варт удри по стоперот со навреда и критика за неговиот однос.
„Сите гледавме и мислам дека беше очигледно – Рудигер намерно го згазна противникот. Уште кога играше за Штутгарт, имав искуство со него – ме удри во стомак и доби директен црвен. Тој е вистински идиот“, изјави ван дер Варт.