318
Холандија не блескаше ни денеска против Грузија, но избраниците на Франк де Бур и во таква игра дојдоа до победа од 3-0.
Резултатот го отвори Депај по десет минути игра на мечот, во 55. минута Вегхорст зголеми на 2-0, а Гравенберх на 15 минути пред крајоот на натпреварот ги постави конечните 3-0.
Грузија имаше неколку шанси да се избори за попристоен пораз, ја погодија и пречката од голот на Стекеленбруг, но не дадоа гол.
Австрија одигра 0-0 против селекцијата на Словачка, нашиот прв противник на Европското првенство не успеа да постигне ниту еден гол на двата пријателски меча пред заминување во Букурешт.