Холандија покажа моќ, лалињата ѝ дадоа пет гола на Шведска (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Шведска изгуби со резултатот со кој го победи Тунис, денеска примија пет голови од Холандија, а дадоа само еден.

Победата на Холандија ја најави Броби уште во петтата минута од натпреварот, десетина минути подоцна истиот фудбалер ја дуплираше предноста за Холанѓаните. Со тој резултат се заврши првиот дел.

По само две минути игра во вториот дел Гакпо даде гол за 3-0. Веќе беше јасно дека Холандија ќе ги освои трите бода од овој меч.

Седум минути подоцна Гакпо даде и втор гол за 4-0, а во 59. минута Еланга намали на 4-1.

Конечните 5-1 беа дело на Самервил со супер удар од далечина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×