111
Според Де Бур, фудбалерите на Гибралтар постојано задржувале време, лежеле на теренот поради евентуални повреди, а играчите од клупата реагирале на секоја судиска одлука.
„Задоволен сум од седумте постигнати гола, но ова е вистински анти-фудбал. Сите нивни играчи лежеа по теренот по секој допир додека цела клупа стануваше како луда жалејќи се на судијата“, вели Де Бур.
„На голманот му требаше по минута да изведе гол-аут. Уморен сум од ова, среќен сум што заврши овој натпревар“.