Хоџсон ме уништи во Интер, се пожали Карлос

by
1 минути читање

Легендарниот
бразилски фудбалер Роберто Карлос вели дека Фабио Капело е најважниот тренер со
кого соработувал во неговата кариера, Рој Хоџсон го издвои како тренер кој го
уништил во периодот минат во Интер.

Хоџсон имаше
посебна тактика во Интер, а Карлош го играше во средината од теренот, и покрај
фактот што Бразилецот природна позиција имаше на левата бековска позиција,
поточно на таа позиција се издвои како еден од најдобрите во историјата на
фудбалот.

Рој Хоџсон ме
уништи во Интер, тој ме натера да играм во средината од теренот
“ вели Карлос во
интервју за „Марка“.

Карлос во дресот
на Интер играше само една сезона, по што следеше трансфер во Реал Мадрид во
1996. година, каде остана се
до 2007. година.

Разговарав со
Морати и од него побарав да ми дозволи да си заминам од клубот, потоа потпишав
за Реал Мадрид, поради Фабио Капело, тој е најважниот тренер кој сум го имал во
мојата кариера
“ додаде 47 годишниот Бразилец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×