Хоџсон го презема кормилото на Ватфорд

by
1 минути читање

Ватфорд му врачи
отказ на Клаудио Раниери по очајната серија резултати на тимот, а сега ќе го
назначат нивниот трет тренер сезонава, а тоа ќе биде Рој Хоџсон, кој ќе се
обиде да го спаси тимот од испаѓање во Премиерлигата.

74 годишниот
Хоџсон се раздели со Кристал Палас ланската сезона, а на клупата на таа екипа
беше четири години, од тогаш па наваму немаше ангажман, но се чини дека е
подготвен да му се врати на фудбалот.

Хоџсон ќе потпише
шест месечен договор со Ватфорд, кој во последните 14 меча под водство на
Раниери запиша 11 порази, а во моментов се наоѓа на претпоследното место на
табелата во Премиерлигата, со два бода предност пред последниот Барнли, кој
инаку има и два меча помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×