Фудбалерите на италијанскиот нисколигаш Атлетико Палермо се пласираа во италијанската Серија Д кој е четврти ранг од италијанскиот фудбал. Тимот до историскиот успех стигна триумфирајќи над ривалот Партиницаудаче, а атмосферата по завршниот свиреж беше вистински спектакл, фудбалерите организираа голема прослава по повод одличната сезона.
Но, славјето не застана тука. Главниот спонзор на клубот, компанија што нуди услуги за возрасни, реши да ги изненади играчите со несекојдневен подарок. Извршниот директор на компанијата, Мајк Морa, најави дека сите фудбалери на Атлетико Палермо добиваат доживотна претплата на бесплатни услуги од платформата за ескорт дами што ја претставува.
„Сакавме да го обележиме овој момент со практичен подарок. Сега, и фудбалерите и тренерите конечно можат да се релаксираат…“, изјави Мора.
Иако фудбалерите со насмевка го прифатија необичниот гест, од клубот потенцираат дека нивната амбиција не запира тука. Целта е со добри игри да се етаблираат во Серија Д, но и да напредуваат.
Фото: Athletico Palermo/Instagram