Хименез: Докторите ми рекоа дека е чудо што сум во болницата…

by
1 минути читање

Мексиканскиот
напаѓач од редовите на Вулверхемптон, Раул Хименез по цели девет месеци пауза
се врати на фудбалските терени, а паузата беше поради операција на черепот
откако се здоби со доста незгодна повреда на мечот со Арсенал лани во ноември.

Хименез открива детали од периодот во најтешките моменти од неговата кариера, за што вели и дека докторите се чуделе што ја преживеал повредата.

Тие ми рекоа
дека е чудо што сум таму
“ вели Хименез во интервјуто за „Гардијан“.

Операцијата
мораше да биде брза од причина што се работеше за скршеница на черепот, имаше
крварење во мозокот, докторите сторија навистина одлична работа
“ додава тој.

Беше вистинско
чудо да се биде таму, а моментот кога се случи повредата на мечот како одеднаш
да ми се изгасија светлата, не се сеќавав на ништо во тие моменти, се сеќавам
само на моментот кога се разбудив во болницата, побарав да ми бидат испратени
видеа од различни агли за да видам што се случило на мечот
“ подвлече
Мексиканецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×