Хет-трик на Пашалиќ за убедлива победа на Аталанта, триумф и на Фиорентина (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Аталанта во Бергамо четирипати ја тресеше мрежата на Венеција, а три од тие голови беа дело на Пашалиќ.

Тој погоди во 7., 12. и 67. минута, еден погодок беше дело на Копмајерс, кој реализираше во 57. минута.

Фиорентина со пресврт дојде до триумф против Сампдорија.

Гостите поведоа со погодок на Габиадини уште во 15. минута, но нивната радост не траеше долго. Каљехон израмни ви 23. минута, девет минути подоцна Влаховиќ погоди за пресврт, а конечниот резултат го постави Сотил пред крајот на првото полувреме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×