Хет-трик на Нкетиа, Арсенал е во полуфиналето на Лига Купот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Артета ни во куп натпревар не го играше Обамејанг, кажа дека продолжуваат без него, па напаѓачот веројатно го одигра последниот меч за топчиите.

Но, навивачите за Арсенал не треба да бидат загрижени, нападот функционира одлично, а денеска се истакна Нкетиа.

Тој во 17. минута го отвори резултатот, а десет минути подоцна Пепе зголеми на 2-0 за Арсенал.

Во 31. минута Сандерленд намали со гол на Бродхед и се врати во игра, но тоа траеше само до одреден период.

По четири минути игра Нкетиа постигна нов гол за предност на Арсенал од 3-1, а истиот играч погоди и во 58. минута за негов хет-трик и 4-1.

Точка на мечотстави младиот 18-годишен Патино во судиското продолжение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани