Хет-трик на Нејмар, ПСЖ немаше милост кон Башакшехир (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Денеска се доигра мечот кој беше прекинат вчера поради расистичкиот скандал. ПСЖ ја оправда фаворитската улога и славеше убедлива победа над турскиот тим.

Резултатот го отвори Нејмар со прекрасен гол во 21, минута, Бразилецот и во 38. минута постигна убав погодок и го зголеми водството на 2-0.

Пред крајот на првото полувреме ПСЖ постигна и трет гол, овој пат реализираше Мбапе од пенал.

По пет минути игра во второто полувреме, Нејмар реализира уште еднаш за негов хет-трик и водство на ПСЖ од 4-0.

Топал во 57. минута успеа да намали на 4-1, но пет минути подоцна Мбапе со својот втор гол на натпреварот ги постави конечните 5-1.

ПСЖ исто како и Лајпциг има 12 бодови, но е на првото место поради подобриот меѓусебен дуел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×