Хет-трик на Имобиле, Лацио ја наполни мрежата на Специја (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Бјанкочелестите“
ја забележаа и втората победа на стартот од новата сезона, вечерва на домашен
терен ја наполнија мрежата на Специја и славеа со убедливи 6-1.

Гостите први поведоа
преку Верде во 4. минута, но 60 секунди подоцна, Имобиле изедначи на 1-1. Напаѓачот
во 15. минута погоди за 2-1, а во финишот на првиот дел промаши пенал и
пропушти да донесе 3-1. Сепак, за кратко време успеа да се искупи и по еден
корнер реализираше со глава за 3-1 и хет-трик.

На стартот од
вториот дел, Андерсон зголеми на 4-1, Хисај ја затресе мрежата на гостите во
70. минута за 5-1, а на пет минути до крајот, Алберто ги постави конечните 6-1.

На вториот
денешен натпревар од 18:30 часот, Аталанта и Болоња одиграа 0-0 и ги поделија
бодовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×