Хет-трик на Фернандеш, четири асистенции на Погба за моќен старт на Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Уште од самиот почеток тимот на Солшер притисна, а Лидс се обидуваше од контра напади да се закани.

Резултатот беше отворен во 30. минута кога Погба убаво асистираше до Бруно Фернандеш а тој погоди за 1-0.

По само три минути игра во второто полувреме Аајлинг постигна прекрасен гол за израмнување на 1-1.

Но радоста на Лидс траеше кратко, овој пат Погба упати една долга топка до Гринвуд кој погоди и го врати водство на Манчестер јунајтед.

Следуваа два гола за Бруно Фернандеш, првиот по асистенција на Линделоф, вториот по додавање од Погба, хет-трик на Португалецот за водство на Јунајтед од 4-1.

Точка на мечот стави Фред кој погоди по четвртата асистенција на Погба на овој натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×