Хет-трик на Бензема, голема победа за Реал Мадрид против Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид првпат го победи Челси во официјален натпревар, триумф кој ги носи блиску до полуфиналето од Лигата на шампионите.

Челси добро го почна мечот, но во 21. минута следуваше шок. Одлична акција која ја почна Бензема, мајсторски додаде до Винисиус, а тој му асистираше за гол за водство од 1-0.

Вториот гол Бензема го постигна три минути подоцна, овојпат Модриќ фантастично му асистираше за водство на Реал Мадрид од 2-0.

На пет минути до крајот на првото полувреме Челси се врати во игра откако Хаверц реализираше со глава за 2-1.

Второто полувреме почна шокантно за Челси, Менди направи кардинална грешка и му овозможи лесен гол на Бензема за негов хет-трик и победа од 3-1.

До крајот на мечот Челси имаше неколку убави шанси, се обидоа Аспиликуета, Лукаку, Хаверц… но некои промашија, а некои удари им ги одбрани Куртоа со фантастични интервенции.

Челси ќе има тешка задача во Мадрид да ја анулира негативата од два гола разлика, Реал е блиску до полуфинале.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×