Тотнем доби нов менаџер – Томас Франк ќе го преземе кормилото на „спарси“, потврдува Фабрицио Романо со препознатливото „here we go!“.
Клубот од Лондон постигнал целосен договор со Данецот околу условите на договорот, како и неговиот стручен штаб. Брентфорд се согласил да го ослободи Франк за сума од околу 10 милиони фунти. Франк ќе биде наследникот на Анге Постекоглу и ќе има задача да внесе нова енергија, иако промената е чудна.
Одново Тотнем направи „глупост“ и го избрка тренерот кој му донесе трофеј по децениски пост. Постекоглу го освои трофејот во Лигата на Европа, па потоа беше отпуштен од страна на управата.