Хенес до ПСЖ и Манчестер Сити: Вашите е*ени пари не се доволни

by
1 минути читање

Поранешниот
претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес посочи со прст кон ПСЖ и Манчестер Сити,
клубови со доста богата каса, а победата на „Баварците“ над ПСЖ во финалето од
Лигата на шампионите ланската сезона нема дилеми дека има големо значење за
Хенес.

Толку вложија, а
досега овие два клуба, ПСЖ и Манчестер Сити не освоија ништо
“ рече Хенес во
подкастот „11Лебен“.

Ништо, ама баш
ништо, а ќе загубат повторно од нас, не секогаш, но од време на време, тоа е
нашата цел, а кога ќе ги победиме тоа ме прави толку среќен, практично им
велиме
: Вашите е*ени пари не
се доволни
“ додаде тој, а потоа говореше директно за првиот човек на ПСЖ, Насер
Ал-Келаифи.

Не знам дали
воопшто тој го сака фудбалот, а кога би говореле за разликата помеѓу него и
мене, би кажал дека јас работев напорно за да ги заработам моите пари, тој
истите ги добива како подарок, тој нема потреба да работи, едноставно само ќе
му се јави на емирот доколку посакува одреден фудбалер
“ подвлече Хенес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×