208
Капитенот на
Ливерпул, Џордан Хендерсон би можел да ја заврши својата кариера на „Енфилд“
откако денеска стави потпис на нов, четири годишен договор со овој клуб со што
се обврза на верност до 2025 година.
„Ја сакам секоја минута
помината во овој клуб, но и на теренот за овој дрес, како во добрите, така и во
лошите моменти, уживам играјќи за овој клуб, колку повеќе можам, толку подобро,
сакам да бидам тука најдолго што е можно, секогаш сум го велел тоа“ рече
популарниот „Хендо“.
Освен 31
годишниот Хендерсон, нови договори на „Енфилд“ потпишаа уште Вирџил ван Дајк,
Фабињо, Алисон, Енди Робертсон и Трент Александер-Арнолд.