Луис Суарез три
години беше дел од составот на Ливерпул, поточно од 2011 до 2014 година, а во
тој период на 133 натпревари успеа да постигне 82 погодоци, што е доволна
причина за Џордан Хендерсон да повика Уругваецот по мечот да биде поздравен од
гледалиштето на „Енфилд“ утревечер.
По победата од
2-3 на гостувањето, Ливерпул утревечер на домашен терен го пречекува Атлетико
Мадрид во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите каде „Редсите“
досега запишаа максимални три победи, а капитенот на Премиерлигашот, Џордан
Хендерсон во пресрет на мечот говореше и за Суарез.
„Тој беше
феноменален во овој клуб, неверојатен, сите знаеме дека тој е на врвот од
светскиот фудбал веќе подолг период, а имаше прекрасни моменти во Ливерпул“
рече Хендерсон.
„Навивачите го
знаат тоа, а тие го почитуваат сето тоа што Суарез го стори за клубов, можеби
тоа нема да се случи за време на натпреварот, меѓутоа по истиот убаво би било
за него да добие добра реакција од навивачите“ додаде Англичанецот.