Австрискиот фудбалски
стратег од клупата на Саутемптон, Ралф Хазенхутл инсистира на тоа дека Тимо
Вернер може да биде еден од најдобрите напаѓачи во Европа, додавајќи дека
добрата тактика била клучна за извлекување максимум од германскиот напаѓач во
периодот кога соработуваа во Лајпциг.
Напаѓачот на
Челси погоди само еднаш на 15 натпревари за Челси, и тоа против Морекамб во ФА
купот, а ниту еднаш на последните десет меча, бележејќи низа големи
промашувања, за на последното гостување кај Фулам каде Челси обезбеди минимална
победа, Франк Лампард по мечот да разговара посебно со него на теренот.
Тренерот на
Саутемптон, Хазенхутл работеше со Вернер додека овој беше на едно мошне
повисоко ниво играјќи за Лајпциг, а токму Вернер беше едно од првите засилувања
за австрискиот тренер откако го презеде кормилото во Лајпциг во 2016 година, по
што следеше фантастичен учинок од 42 погодоци на 77 натпревари.
„Го знам Тимо
мошне добро, лично го видов во многу ситуации каде не беше многу добар на
теренот“ вели Хазенхутл кој очигледно е дека има добри совети за Лампард.
„Сметам дека тој
не може да го даде најдоброто од себе само на натпревари кога генерално целиот
тим не игра на високо ниво, убеден сум дека тоа е причината поради која Вернер
на моменти не игра на високо ниво“ додава тој.
„Тој дефинитивно
е фудбалер на кого треба да ја адаптирате играта според него, доколку го
сторите тоа, тој ќе даде се’ од себе, ќе ви го даде сето тоа што е потребно од еден напаѓач, но
најнапред, тој има одредени квалитети на кои вие навистина треба добро да се
фокусирате, најдоброто нешто од него, додека бев во Лајпциг, беше дека ние
целосно бевме концентрирани на неговите квалитети“ подвлече Хазенхутл.
„Беше перфектно
за нашата игра фактот што имавме брза транзиција откако ќе освоевме топка, исто
така и под кормилото на Хулиан Нагелсман тој постигнуваше многу погодоци, но
секако, потребно е да го поставите на најдобрата позиција за него, а потоа да
очекувате многу од него, според мене тој е еден од најдобрите напаѓачи во
Европа“ заклучи шефот на стручниот штаб на Саутемптон.